back to top
4.8 C
Skopje
04.02.2025
Google search engine
домаСПОРТАморим го сак...

Аморим го сака Осимен во Манчестер Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим побарал од раководството на англискиот клуб итно да го привлече напаѓачот Виктор Осимен во зимскиот преоден рок, тврдат турските медиуми.

Нигерискиот интернационалец моментално е на позајмица во Галатасарај од Наполи, но во договорот има клаузула која му овозможува трансфер во зима со потребното обештетување за клубот од Истанбул.

Осимен беше пред трансфер цело лето и откако пропаднаа можностите во Челси и Ал-Ахли, тој беше позајмен од Наполи во Галатасарај.

Сега Аморим сака да го претвори во главен стрелец на „црвените ѓаволи“, а во преговорите за него може да учествува и 23-годишниот холандски напаѓач Џошуа Зиркзе, кој повеќе не е посакуван на „Олд Трафорд“.

Виктор Осимен беше пречекан во Истанбул како рок ѕвезда и досега има 8 гола за Галатасарај на 9 натпревари во сите натпреварувања.

The post Аморим го сака Осимен во Манчестер Јунајтед appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари