back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Од австралиската делегација: Ми кажаа дека е силувана од група луѓе (ВИДЕО)

Непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Париз, се случи грозоморно злосторство, кое ги остави сите во шок. Една туристка од Австралија била силувана и претседателката на делегацијата на оваа земја, Ана Мирс, коментираше за овој хорор. На прес-конференција, таа се осврна на оваа хорор-ситуација и го истакна следново.

  • Да, запознаена сум со ситуацијата. Страшно! Ние, во овие моменти, сме со таа жена со сето срце. Нема многу детали што стигнаа до нас и пораката што им ја упатуваме на спортистите е дека треба да бидат навистина, навистина внимателни. Сè уште немаме повратна информација од нашите спортисти дека се чувствуваат небезбедно. Ги охрабруваме, доколку одат надвор од Селото, да не се сами, да не носат тимска, туку да носат нормална облека – изјави Ана Мирс.

Париското обвинителство откри дека полицијата ги истражува наводите на 25-годишна Австралијка дека била групно силувана во текот на изминатиов викенд. Таа го пријавила инцидентот откако се скрила во ресторан во северниот дел на Париз, каде што ѝ била укажана помош.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари