Непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Париз, се случи грозоморно злосторство, кое ги остави сите во шок. Една туристка од Австралија била силувана и претседателката на делегацијата на оваа земја, Ана Мирс, коментираше за овој хорор. На прес-конференција, таа се осврна на оваа хорор-ситуација и го истакна следново.
- Да, запознаена сум со ситуацијата. Страшно! Ние, во овие моменти, сме со таа жена со сето срце. Нема многу детали што стигнаа до нас и пораката што им ја упатуваме на спортистите е дека треба да бидат навистина, навистина внимателни. Сè уште немаме повратна информација од нашите спортисти дека се чувствуваат небезбедно. Ги охрабруваме, доколку одат надвор од Селото, да не се сами, да не носат тимска, туку да носат нормална облека – изјави Ана Мирс.
Париското обвинителство откри дека полицијата ги истражува наводите на 25-годишна Австралијка дека била групно силувана во текот на изминатиов викенд. Таа го пријавила инцидентот откако се скрила во ресторан во северниот дел на Париз, каде што ѝ била укажана помош.
🇦🇺 BREAKING: Australian athletes in Paris have been advised to take precautions following reports of a tourist’s alleged gang rape, team chief Anna Meares says. Paris police are investigating the claims made by a 25-year-old woman.#OlympiacosBC #OlympicGames #WomenSafety pic.twitter.com/T7JegJT2qb
— ARK NEWS (@ReporterARK) July 24, 2024