Фудбалерите на Фенербахче го победија Лугано со 4:3 на гостински терен во првиот натпревар од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а само еден ден подоцна одекна и нова трансфер бомба.
Имено, на Босфорот пристигна Јусуф Ен Несири, а Севилја за овој трансфер ќе заработи 18.5 милиони евра, стои во соопштението на Фенер.
View this post on Instagram
Турскиот гигант ќе ја плати сумата на осум рати во следните осум години, а шпански „Relevo“ пренесува дека Шпанците задржале 10 отсто од следната продажба.
Напаѓачот ќе заработува четири милиони евра по сезона, а потпишал договор до летото 2029 година. Дополнителни приходи ќе бидат бонуси за клупски и личен учинок.