26 повредени лица во Турција при превртување автобус со патници

    26 повредени лица во Турција при превртување автобус со патници

    Автобус со патници денеска се преврте во турската област Малати, при што 26 лица се повредени, но ничиј живот не е загрозен, соопшти локалниот гувернер.

    Автобусот се движел од Бодрум кон градот Ван кога слетал во канал на патот Д-300 и се превртел, јавува турската НТВ.

    На местото на настанот излегле итни служби, полиција и пожарникари.

    Во автобусот имало 36 патници, а 26 лица се повредени и пренесени во две локални болници. Гувернерот на Малатија Седар Јавуз ги посети повредените во болница и им посака брзо закрепнување.

    Тој изјави дека според првите податоци никој од нив не е во животна опасност.

    Текстот 26 повредени лица во Турција при превртување автобус со патници е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version