Доцни изградбата на современите центри за отпад, иако проектите се планирани пред скоро 15 години. Во меѓувреме горат многу од нестандардните депонии што ги користат општините за комунален отпад, а граѓаните дишат загаден воздух. Властите велат дека изградбата ќе почне следната година.