дома ЕКОНОМИЈА Јандреоски и ...

Јандреоски и Милановиќ, нови членови во Надзорниот одбор на М-НАВ

Јандреоски и Милановиќ, нови членови во Надзорниот одбор на М-НАВ

Во државното друштво за контрола на летање М-НАВ, сменети се членови на Надзорниот одбор. Информацијата е пласирана преку македонската Берза затоа што станува збор за акционерско друштво во државна сопственост.

Оттаму се наведува дека со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание на акционери на одредено акционерско друштво, отповикани од должноста се Димитар Џеков и Едмонд Калиќи – независен и предложен од синдикалната организација, а за нови членови на Надзорниот одбор се именувани Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ, независен и член предложен од синдикалната организација.

Надзорниот одбор на М-НАВ сега го сочинуваат Кристијан Михајлоски, Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.

Exit mobile version