дома ЕКОНОМИЈА Не постигнаа ...

Не постигнаа решение за царини на електрични возила прифатливо за двете страни

Не постигнаа решение за царини на електрични возила прифатливо за двете страни

Преговорите во Брисел за царините воведени од Европската Унија за електрични возила, увезени од Кина, завршија со „големо несогласување“. Според соопштението на кинеското Министерство за трговија, преговарачите „не постигнаа решение прифатливо за двете страни“, иако „постигнаа значителен напредок во одредени области“.

Од 20 септември претставниците на Кина и 27 земји од ЕУ одржаа осум рунди преговори во Брисел, а сега официјален Пекинг ги покани преговарачите на ЕУ на следната рунда преговори што ќе се одржи во Кина.

Земјите членки на ЕУ во петокот гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг. Европската комисија воведе данок од 10 отсто, кој е веќе во сила, плус доплата до 35 отсто за возилата со батерии од кинеско производство.

Овие тарифи треба да стапат на сила на крајот на октомври. Пекинг, кој го осуди како „неправедна и неразумна протекционистичка практика“, веќе одговори со воведување контра-тарифи за свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалаци на база на вино увезени од ЕУ, вклучително и коњак.

Exit mobile version