дома КУЛТУРА Сцена Сеќавање: 20 ...

Сеќавање: 20 години без доајенот на македонското глумиште Илија Џувалековски

Сеќавање: 20 години без доајенот на македонското глумиште Илија Џувалековски

Илија Џувалековски е роден на 20 декември 1915 година во Прилеп. Тој беше еден од најзначајните македонски театарски, филмски и телевизиски актери, режисер и педагог.

Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москва каде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“.

Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за глумечка кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.

Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата глумечка кариера, како на домашната, така и на меѓународната сцена.

Бил добитник на голем број на награди и признанија меѓу кои ги издвојуваме:

Во 1977 година е добитник на наградата „АВНОЈ“;
Во 1982 година ја добива наградата за улогата на „Симон“ во претставата „Габи“;
Во 1983 година ја доби и наградата „11 Октомври“ за животно дело; и
Во 1990 година ја добива наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Починал на 18 октомври 2004 година во Скопје.

The post Сеќавање: 20 години без доајенот на македонското глумиште Илија Џувалековски appeared first on ekran.

Exit mobile version