На барање на штипската градежна компанија Бетон, Основниот суд во Битола поведе постапка за стечај за ЗК Пелагонија АД Битола.
Штипската компанија поднела вакво барање поради долг од 235.701 евра.
Предлогот е поднесен на 14. ноември, а во истиот стои дека ЗК Пелагонија на Бетон Штип му должи 233.000 евра за главен долг и 2.701 евро долг кон извршител, кој не го исплатил во договорениот рок.
Стечајната постапка ја води судијката Татјана Митревска.
Фото: Унсплеш
The post Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон appeared first on еМагазин.