дома ЕКОНОМИЈА Постапка за с...

Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон

Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон

На барање на штипската градежна компанија Бетон, Основниот суд во Битола поведе постапка за стечај за ЗК Пелагонија АД Битола.

Штипската компанија поднела вакво барање поради долг од 235.701 евра.

Предлогот е поднесен на 14. ноември, а во истиот стои дека ЗК Пелагонија на Бетон Штип му должи 233.000 евра за главен долг и 2.701 евро долг кон извршител, кој не го исплатил во договорениот рок.

Стечајната постапка ја води судијката Татјана Митревска.

Фото: Унсплеш

The post Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон appeared first on еМагазин.

Exit mobile version