back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАМузејот на Ма...

Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, имало 30 заминувања во пензија, а само едно вработување во последните 3 години, вели Љутков

Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, а тоа покажува дека во текот на годините каков третман имаме кон културното наследство, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

„Во последните 3 години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице, и тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција и кон нашето културно наследство“, рече Љутков.

Љутков додаде дека со новата Влада ќе се залагаат да го вратат сјајот на оваа музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција на музејскиот комплекс.

„Последната интервенција е направена во 2010 година. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот“, посочи Љутков и додаде:

„Иако многу се ветувало во последните години, всушност, ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот музеј во Македонија. Тоа што е шокантно за мене е што галеријата на икони, која е заштитена како посебно значење од прва категорија, од прв степен, всушност по земјотресот, во 2016 година кога имало проблеми со покривот и со протекување, таа е ставена во депо“.

 

 

 

Текстот Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, имало 30 заминувања во пензија, а само едно вработување во последните 3 години, вели Љутков е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари