Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, а тоа покажува дека во текот на годините каков третман имаме кон културното наследство, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
„Во последните 3 години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице, и тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција и кон нашето културно наследство“, рече Љутков.
Љутков додаде дека со новата Влада ќе се залагаат да го вратат сјајот на оваа музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција на музејскиот комплекс.
„Последната интервенција е направена во 2010 година. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот“, посочи Љутков и додаде:
„Иако многу се ветувало во последните години, всушност, ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот музеј во Македонија. Тоа што е шокантно за мене е што галеријата на икони, која е заштитена како посебно значење од прва категорија, од прв степен, всушност по земјотресот, во 2016 година кога имало проблеми со покривот и со протекување, таа е ставена во депо“.
Текстот Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, имало 30 заминувања во пензија, а само едно вработување во последните 3 години, вели Љутков е превземен од МАКФАКС.