дома СПОРТ Кошарка Мечот со Срби...

Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија

Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија

Легендарниот австралиски репрезентативец Пети Милс заминува во пензија. Натпреварот против Србија во четвртфиналето на Летените олимписки игри во Париз е последен во националниот дрес на овој кошаркар.
Легендата на австралиската кошарка се збогува со националниот дрес како лидер на својот тим против Србите со вкупно 26 постигнати поени, а и токму тој беше оној кој го одведе натпреварот во продолжение реализирајќи обид над Никола Јокиќ.
Милс дебитираше во дресот на Австралија во 2007 година, а низ годините одигра 64 официјални средби и настапи на 13 големи турнири од кои пет Олимписки игри и три Светски првенства.

The post Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија appeared first on Република.

Exit mobile version