Легендарниот австралиски репрезентативец Пети Милс заминува во пензија. Натпреварот против Србија во четвртфиналето на Летените олимписки игри во Париз е последен во националниот дрес на овој кошаркар.
Легендата на австралиската кошарка се збогува со националниот дрес како лидер на својот тим против Србите со вкупно 26 постигнати поени, а и токму тој беше оној кој го одведе натпреварот во продолжение реализирајќи обид над Никола Јокиќ.
Милс дебитираше во дресот на Австралија во 2007 година, а низ годините одигра 64 официјални средби и настапи на 13 големи турнири од кои пет Олимписки игри и три Светски првенства.
The post Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија appeared first on Република.