Во Струга почнува фестивалот за краток филм „Drim Short“

Во Струга почнува фестивалот за краток филм „Drim Short“

Во Струга вечерва почнува осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ што ќе се оржува под мотото „Бесконечна слобода“.

Програмата, ќе биде распределена во четири фестивалски денови, во кои се најавени филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

Нема да изостане и промоцијата на македонски филмови, како и едукативниот дел од фестивалот.

„Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и годинава ќе ја претстави програмата „MK Special“, чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата, каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат“, стои во најавата.

Во едукативниот дел, додаваат, предвидени се два мастеркласови и една дискусија за филм на тема „Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма, пак, ќе се фокусира на домашни изведувачи. Фестивалот ќе го отвори групата Фолтин со целовечерен концерт, а завесата ќе биде спуштена со настап на групата „Искра“, која со себе носи информации од иднината.

Exit mobile version