(Видео) Барак и Мишел Обама ѝ се јавија на Камала Харис преку мобилен телефон и ја поддржаа нејзината кандидатура

    (Видео) Барак и Мишел Обама ѝ се јавија на Камала Харис преку мобилен телефон и ја поддржаа нејзината кандидатура

    Поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис за претседател во едноминутно видео, во кое беше снимен приватен телефонски разговор меѓу парот и сегашата потпретседателка.

    „Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас сме повеќе од горди што ве поддржуваме и ќе направиме сѐ што можеме за да ги поминете овие избори и да влезете во Овалната соба“, ѝ рече Обама на Камала Харис.

    „Се гордеам со тебе, ова ќе биде историско“, рече поранешната прва дама.

    Зборувајќи на мобилниот телефон и насмевнувајќи се неколкупати, Харис изрази благодарност за поддршката и за нивното многугодишно пријателство.

    „Ви благодарам и на двајцата. Тоа ми значи многу“, рече Харис.

    Кандидатурата на Камала Харис, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден, против републиканскиот ривал Доналд Трамп продолжува да добива сила меѓу поддржувачите, донаторите и политичарите.

    Обама, првиот американски претседател со афроамериканско потекло, останува една од најпопуларните личности во Демократската партија, дури и по повеќе од една деценија откако беше последен пат избран.

    Обама веднаш не ја поддржа Харис откако Бајден, неговиот поранешен потпретседател, ја именува за негова наследничка.

    Текстот (Видео) Барак и Мишел Обама ѝ се јавија на Камала Харис преку мобилен телефон и ја поддржаа нејзината кандидатура е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version