Поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис за претседател во едноминутно видео, во кое беше снимен приватен телефонски разговор меѓу парот и сегашата потпретседателка.
„Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас сме повеќе од горди што ве поддржуваме и ќе направиме сѐ што можеме за да ги поминете овие избори и да влезете во Овалната соба“, ѝ рече Обама на Камала Харис.
„Се гордеам со тебе, ова ќе биде историско“, рече поранешната прва дама.
Зборувајќи на мобилниот телефон и насмевнувајќи се неколкупати, Харис изрази благодарност за поддршката и за нивното многугодишно пријателство.
Earlier this week, Michelle and I called our friend @KamalaHarris. We told her we think she’ll make a fantastic President of the United States, and that she has our full support. At this critical moment for our country, we’re going to do everything we can to make sure she wins in… pic.twitter.com/0UIS0doIbA
— Barack Obama (@BarackObama) July 26, 2024
„Ви благодарам и на двајцата. Тоа ми значи многу“, рече Харис.
Кандидатурата на Камала Харис, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден, против републиканскиот ривал Доналд Трамп продолжува да добива сила меѓу поддржувачите, донаторите и политичарите.
Обама, првиот американски претседател со афроамериканско потекло, останува една од најпопуларните личности во Демократската партија, дури и по повеќе од една деценија откако беше последен пат избран.
Обама веднаш не ја поддржа Харис откако Бајден, неговиот поранешен потпретседател, ја именува за негова наследничка.
Текстот (Видео) Барак и Мишел Обама ѝ се јавија на Камала Харис преку мобилен телефон и ја поддржаа нејзината кандидатура е превземен од МАКФАКС.