back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТДоктор осомни...

Доктор осомничен за убиство на осум пациенти во Германија

Германски лекар е осомничен за убиство на осум пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со подметнување пожари, соопштија германските истражители. Лекарот, чие име не е објавено поради правилата за приватност, работел во тим за палијативна нега.

Истрагата покажува дека 40-годишниот лекар убивал пациенти со смртоносна мешавина на лекови. Во еден од случаите во јуни, тој го запалил станот на својата жртва, 70-годишна жена, но пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири.

Првично, лекарот беше уапсен поради сомнение за убиство од небрежност, но со текот на истрагата се откриени дополнителни случаи кои се класифицирани како намерни убиства.

Во јануари, лекарот убил 70-годишен маж со смртоносна мешавина на лекови. Во април, негова жртва станала 61-годишна жена. Во мај, тој убил 83-годишен маж во хоспис во Берлин. Во јуни, убил 70-годишна жена и подметнал пожар во нејзиниот стан.

Дополнителни случаи беа откриени преку преглед на медицинските досиеја и форензички анализи, што доведе до ексхумација на неколку жртви.

Обвинителите тврдат дека лекарот немал друг мотив освен намерата да ги убие пациентите. Тој засега се брани со молчење. Обвинителството го товари за осум убиства и подметнување пожар.

The post Доктор осомничен за убиство на осум пациенти во Германија appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари