back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАМИЦКОСКИ: Во ...

МИЦКОСКИ: Во РЕК Битола, Осломеј и Неготино, епски е криминалот, доколку здравствената состојба на обвинителите се подобри

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на пратенички прашања во Собранието кажа дека има епски криминал во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино.

„Криминалот во РЕК Битола, но проширен со криминалот во РЕК Осломеј и на тоа додаден криминалот во ТЕЦ Неготино е епски. Ова е нешто кое го следам лично. Навистина тука има шокантни параметри, од тоа што досега сме го заокружиле, дури и сведочења од учесници, сведочења кои кажуваат како ова функционирале. Во услови на енергетска криза, нималку срам и перде и одговорност, се случувал опасен криминал. За дел од тој криминал зборувавме и во кампањата. Имаше и такви кои преку ноќ изградија хациенди, кои беа прогласувани за архитектонски чуда на годината. Но, пипците се протегаат повторно до западна Македонија. Натаму и до југоисточна Македонија, малку и до Скопје. Суштината е во краците на коридорот 8 и коридорот 10. Делови. Тоа што ќе се открие е епски криминал, нормално доколку здравствената состојба на обвинителите во меѓувреме се подобри“, рече Мицкоски.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари