back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТБројот на заг...

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Високи претставници на Хезболах денеска најавија дека бројот на убиени борци во изминатата година може да достигне неколку илјади.

Според информациите добиени од извори блиски до операциите на Хезболах, бројот на загинати борци би можел да биде до 4.000, што е повеќе од десет пати повеќе од бројот на оние кои загинале за време на едномесечната војна со Израел во 2006 година, објави „Тајмс оф Израел“.

Либанските власти соопштија дека досега во тековните судири загинале околу 3.800 луѓе, но без да прецизираат дали станува збор за борци или цивили.

Текстот Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000 е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари