Вечерва, 28 ноември, од 20:00 часот во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи четвртиот по ред „Диптих“, односно настанот „Диптих за Скопје“ – книжевно читање, споредбена анализа и разговор со авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.
„Диптих за Скопје“ е настан што се состои од книжевно читање, споредбена анализа и разговор со и авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Овој настан ќе ви го доближи творештвото на Ивана Јовановска и Иван Шопов, и тоа имајќи го токму градот како тема во фокусот, тема што и онака им е својствена и блиска на овие современи македонски автори, едниот поет, а другиот прозаист. За сличностите и за разликите во пристапот ќе говори Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на ПНВ Публикации.
Настанот е поддржан од Град Скопје.
The post #4 ДИПТИХ ЗА СКОПЈЕ – книжевно читање, споредбена анализа и разговор со авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов appeared first on ekran.