Вечерва, во Народниот театар во Битола, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Померат, а во режија на Јуш Зидар.
Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.
Играат:
Иван Јерчиќ
Викторија Степановска Јанкуловска
Валентина Грамосли
Никола Стефанов
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно театарско патување!
Билетите можете да ги набавите на: https://narodenteatarbitola.com
The post Вечерва во Народниот театар во Битола премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ appeared first on ekran.