back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Министерот Ристовски му го честита европското сребро на таеквондистот Стојановски

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска му го честиташе успешниот настап на младиот таеквондист Теодор Стојановски, кој освои сребрен медал на Европското кадетско првенство што се одржа во Тирана.

Членот на ТК „Бутел“ стана европски вицешампион со три блескави победи против репрезентативци од Кипар, Украина и Велика Британија

„Теодор го покажа својот беспрекорен талент, дух и упорност. Финалниот дуел против репрезентативецот на Франција беше навистина предизвик, но среброто е доказ дека Македонија има нова олимписка надеж“, истакна Ристовски на приемот кој го организираше по повод успешниот настап на Стојановски.

Министерот Ристовски го оцени освоениот сребрен медал како голем успех за македонското таеквондо, кое, како што истакна, „продолжува да биде еден од нашите најтрофејните спортови“.

„Заедно со Теодор, неговиот клуб и тренерите продолжуваме да ја градиме иднината на македонскиот спорт, Верувам дека ова е само почеток на многу поголеми успеси“, порача министерот за спорт Ристовски

The post Министерот Ристовски му го честита европското сребро на таеквондистот Стојановски appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари