Град Скопје во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје го објави јавниот повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.
Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 Европска престолнина на културата и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.
Повеќе информации за јавниот повик на: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/.
The post Град Скопје објави јавен повик за избор на членови на телото Скопје-европска престолнина на културата 2028 appeared first on Локално.