back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАМакедонија ст...

Македонија стана туристичка агенција за странци кои преку нас заминуваат на работа во земјите од ЕУ

Македонија се претвори во најголема туристичка агенција за странците, кои преку нас заминуваат на работа во земјите од ЕУ. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека многу газди се излажаа кога мислеа дека недостигот на работна сила ќе го решат со увоз на работници од странство кои ќе ги плаќаат помалку. Ставот на ССМ е дека причината за недостиг на работници во државата се ниските плати. Од Министерството за економија ќе се обидат проблемот да го решат преку системски пристап преку усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, а за таа намена во буџетот за наредната година се предвидени 6 милиони евра повеќе пари.

-Во државата недостига работна сила поради ниските плати и поради злоупотребите на газдите. Резултат на тоа е ова што ни се случува денес, а тоа е работниците да заминуваат од Македонија и да одат во некои други држави и да градат други економии. Мислам дека тоа треба да биде најголем пораз на овие газди кои ја злоупотребуваат работната сила. За потсетување нашите работници со нивната продуктивност им создадоа огромен капитал, огромни богатства, бидејќи во минатото ги искрадоа компаниите и ги задржаа за себе. Токму тоа е една од причините што ние после 34 години повторно да зборуваме за недостиг на работна сила, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој вели дека со Организацијата на работодавачи постојано разговараат за мерките за зголемување на домашните квалификувани работници. Според Трендафилов главната причина поради која работниците заминуваат се ниските плати, ако вие ги плаќате мизерно тогаш може да очекувате дека тие имаат пари само за билет во еден правец, а тоа е надвор од државата.

-Претходната влада се обиде на мала врата да увезува работници во Македонија кои планираа да ги плаќаат далеку помалку отколку домашните работници. Така Македонија стана една туристичка агенција која ги носеше работниците од Непал, Пакистан, Бангладеш кои потоа оттука заминуваа во земјите од ЕУ каде заработуваат многу повеќе од тука. Тоа што загрижува дека веќе не можете да најдете работник кој ќе работи за минимална плата и кој ќе биде продуктивен толку колку што планирате да биде. Мислам дека сите треба да ги загрижи податокот дека 12.500 градежни работници се иселени од Македонија. Нема надеж дека увоз на работна сила ќе ги замени домашните работници за многу пониски плати и покрај тоа што газдите на нив им плаќаат храна и превоз што на домашните работници не сакаат да им го платат, рече Трендафилов.

Министерот за економија Бесар Дурмиши се согласува дека во државата има недостиг на работна сила. Поради тоа, како што рече во буџетот за наредната година се предвидени 6 милиони евра повеќе средства со кој ќе се обидеме да ги задржиме работниците.

-Најголем недостиг на работна сила има во приватниот сектор. Голем дел од работодавачите не известија дека фалат работници во повеќе компании. Министерството за економија во наредниот период ќе развие системски пристап за неусогласеност на понудата и побарувачката на пазарот на труд. Ќе се обидеме да ја задоволиме потребата од квалификувана работна сила преку активни програми за вработување. Во буџетот за наредната година предвидени се 6 милиони евра повеќе пари. Откако ќе биде донесена оваа програма ќе пристапиме кон нејзина имплементација, изјави министерот Дурмиши.

Овие заклучоци произлегоа од конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“ во организација на Меѓународната организација на трудот.

(А.С.)

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари