back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАСценаПромоција на ...

Промоција на „Крстена вода“ – новиот албум на Крсте Роџевски

Слушачката промоција на новиот, седми албум, на Крсте Роџевски, ќе се случи вечерва во „Аудиокултура“, со почеток во 20:00 часот.

Дванаесет нови песни. Во отскриена, сува, наивна форма. Најубавата. Снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк. „Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат.

Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.

Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.

The post Промоција на „Крстена вода“ – новиот албум на Крсте Роџевски appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари