back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈА„Мајката-херо...

„Мајката-херој“ го роди Петар на 61 година – прва пациентка со сопствена јајце-клетка која била замрзната

Директорката на скопска Гинекологија, Ирена Алексиоска-Папестиев појасни дека најстарата мајка која се породила во текот на вчерашниот ден добила здраво машко дете. Информира дека бебето Петар е тешко 2 килограми и 350 грама и има должина од 46 центиметри.

-Дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светски граници, говори раѓањето на бебето Петар кое што на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Таа е првата пациентка која останала со сопствена јајце-клетка која била замрзната и која што добила ин-витро третман во Македонија. Целата бременост била следена овде и раѓањето е завршено на ГАК, истакна Алексиоска Папестиев на прес-конференција пред медиумите.

Според директорката на ГАК, кај „жената-херој“, како што ја нарече мајката, бил направен царски рез во 36-тата недела. Таа имала богато гинеколошко и акушерско минато. Жената имала три претходни интервенции од кои две биле направени во Белград.

The post „Мајката-херој“ го роди Петар на 61 година – прва пациентка со сопствена јајце-клетка која била замрзната appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари