back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЗахарова ја о...

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх.

„Одбивањето на Германија да го признае геноцидот на советските народи за време на Втората светска војна, вклучувајќи ја и опсадата на Ленинград, е длабоко навредливо. Сметаме дека овој официјален став на Берлин е обид да се препише историјата во корист на Третиот рајх“, рече Захарова.

Захарова оцени дека со одбивањето да го признае геноцидот на народите на Советскиот Сојуз, вклучително и блокадата на Ленинград, Германија ги навредува потомците на жртвите на нацизмот на територијата на поранешниот Советски Сојуз, како и, како што наведе, целото цивилизирано човештво.

Текстот Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари