Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат до денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, додека дизелот поскапува за денар и половина.
Со новата одлука, малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари, а Еуродизел (Д-Е V) за 72 денари.
The post Горивата поскапуваат до денар и половина appeared first on еМагазин.