back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈААртилериски г...

Артилериски гранати ископани во канал пред Основен суд – Гостивар

Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд Гостивар.

Очевидци за МИА потврдија дека утрово околу 9 часот, при копање на канал за одводување на улицата „Живко Брајковски“ спроти судската зграда, машина за ископ на земја на длабина од половина метар извлекла метални тела, за кои се претпоставува дека се боеви гранати.

Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.

Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари