back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine

Десетина општини во продолжениот рок ја докомплетирале документацијата

Процесот на евалуација на пристигнатите документи од општините за владиниот повик за поддршка на општините сè уште трае. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински истакна дека од она што бил информиран преку шесте ресорни министерства, околу десетина општини ја докомплетирале документацијата.

– Дозволете, дајте ни уште ден два, затоа што сè уште се прави евалуација на допристигнатите документи и ќе излеземе со конкретен став – изјави Перински.

Дополнителна можност за општините се донесените измени на законот за уредување на градежно земјиште со кои е надминат проблемот за ослободување од комуналии за изградба на објекти од јавен интерес, градинки, училишта …

– Ова е одлична можност и оние коишто не стигнаа да ја достават комплетната документација во рамки на ресорните министерства согласно измените на законот за уредување на градежно земјиште што ги направивме за да избегнеме проблемот на ослободување на комуналии за објекти од јавен интерес, сега таа бариера е надмината. Законот го изменивме и врз основа на тоа им се даде повеќе шанса да можат да ја докомплетираат својата техничка документација – нагласи министерот за локална самоуправа. 

Рокот за докомплетирање на потребната документација беше продолжен на владина седница и заврши до 15 ноември.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари