Оваа година манифестацијата нè дочека во жестока дебата околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е за дефокусирање на јавниот интерес и произведување вештачка криза таму каде што нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во регионот. Сум повторил и ќе кажам повторно – ниту едно право не може да се укине. Ако сакаме луѓето да ги третираме рамноправни во мултиетничко општество, тогаш наша задача е да им обезбедиме вршење на слобода и права. Уставниот суд, за жал, денеска се претвори во змеј и сите фрлаат со оган, гнев и стрели кон оваа институција, на која треба да се гледа со почит како гарант за правата на граѓаните, рече денеска вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.
Меџити додаде дека не сака ниту една институција да има таков негативен углед и ги повикува сите институции да ја спроведуваат својата работа согласно надлежностите.
-Очекуваме од Уставниот суд да се занимава со правата на граѓаните, а не да се пушта во политички води и да зазема страна. Чувајќи го празниот карактер на денешниот ден, сакам да честитам на сите Албанци, кажа Меџити на свечената академија во Владата по повод Денот на албанската азбука.
The post Меџити: Сите фрлаат со оган и стрели кон Уставниот суд, не сакаме да има негативен углед appeared first on Локално.