back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаСВЕТСијарто: Не п...

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Унгарија ќе се откаже од сигурно снабдување со енергија по конкурентни цени само доколку добие подобра понуда, а досега не е пристигнат подобар предлог за замена на руската енергија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Тоа министерство соопшти дека Сијарто на прес-конференција по состанокот на Советот на Европската унија за трговски прашања во Брисел изјавил дека Унгарија инсистира набавката на енергетски извори да остане исклучива национална надлежност, пренесе МТИ.

– Значи, ние отфрламе секој обид да влијаеме како, од каде и од кого купуваме енергија. Тоа е прашање на национална безбедност и суверенитет. Снабдувањето со енергија е дел од националната безбедност и нема да прифатиме какво било мешање во дискусиите за нашата енергетска безбедност, рече Сијарто.

Текстот Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари