back to top
4.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаСВЕТСнег паѓа во ...

Снег паѓа во северозападна Хрватска

На северозападот на Хрватска врне снег, а поради неповолните временски услови прекинати се многу бродски линии.

Портокалово предупредување е на сила за целиот регион на Јадранско Море поради каде силен ветер и има локално можни обилни дождови, кои можат да доведат до поројни поплави и грмотевици.

Континенталниот дел на Хрватска е под жолто предупредување поради силниот ветер.

Во поголемиот дел од Хрватска коловозите се влажни и лизгави, а поради зимски услови и снег, моторни возила без пропишана зимска опрема и камиони со приколки имаат забрана за движење на автопатот Горичан-Загреб помеѓу клучките Горичан и Нови Мароф, како и на патишта во Лика.

„Ги предупредуваме возачите да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не тргнуваат без зимска опрема“, велат од ХАК.

Текстот Снег паѓа во северозападна Хрватска е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари