back to top
6.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаСВЕТБајден: Издав...

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден денеска изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, издадено од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е „срамота, соопшти Белата куќа.

– Издавањето налог за апсење на МКС за израелските лидери е срамота. Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност, рече Бајден.

МКС вчера објави дека издал налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и убиениот лидер на Хамас Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Текстот Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари