back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЗеленски: Кри...

Зеленски: Крим мора да ѝ се врати на Украина преку дипломатски пат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе мора да ѝ биде вратен на Украина преку дипломатски пат а не преку воена сила.

Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласил дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.

„Веќе спомнав дека сме подготвени дипломатски да го вратиме Крим“, рекол Зеленски и додал дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“.

The post Зеленски: Крим мора да ѝ се врати на Украина преку дипломатски пат appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари