back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАСела: Албанци...

Села: Албанците овде не се дојдени од некаде туку постоеле со години

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села побара од премиерот Христијан Мицкоски да иницира свикување на собраниска седница и да се спроведат уставни измени за укинување на формулацијата „20%“ за албанскиот јазик.

-Ако нема ништо против, ниту други на кои се повикува, да ја укинеме формулацијата и во Уставот да стои само албанскиот јазик, рече Села на прес-конференција во Собранието.

Тој истакна дека „Албанците не се дојдени овде од некаде, за да некој ги карактеризира со некои привремени права. Тука се одамна и овој народ постоел со години и години“. Според него, за тоа покажуваат и „археолошките истражувања кои никнуваат секој ден“.

Дел од тогашните албански опозициски претставници, а сега дел од актуелната Влада, пак, покрај внесувањето на Бугарите во Уставот, бараа и бришење на формулацијата „20 проценти“ и нејзина замена со „албански јазик“.

The post Села: Албанците овде не се дојдени од некаде туку постоеле со години appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари