Вечерва на репертоарот на 49-то издание на театарскиот фестивал MOT, ќе имате можност да ја погледнете маестралната претстава „БЕЗ КРВ” во режија на Диана Добрева од Драмскиот театар Пловдив. Претставата ќе биде изведена на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
Продукцијата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ од Велес која вклучува огромна екипа од скоро 50-тина театарски професионалци.
Истовремено, ова е премиерна изведба на преставата во Македонија.
Режисерката Дијана Добрева, претставата ја дефинира како нејзино “најголемо лично театарско чудо”. Ко-продукцијата, за прв пат во историјата на двете земји создаде заеднички креативен тим и спроведе сеопфатен процес на проби. Стилизирана како шпанска драма – корида, тореади, фламенко и арена со бик – обоена во црвено и црно, изведбата на на “БЕЗ КРВ” е особено актуелна за нашите простори. Премиерата на истоимениот филм во САД, излезе само 2 дена по театарската премиера во Пловдив, со холивудските актерки Анџелина Џоли и Селма Хајек.
Литературното ремек-дело на Алесандро Барико, започнува со одмазда, а завршува со казна. Граѓанска војна затвора тројца мажи во својот лавиринт: татко, две деца и крволочен Минотаур.
Во текот на годините додека трае зачадениот мир, една убава жена стои пред продавач на билети за лотарија, чекајќи да го започне својот пат или кон смртта или кон пресметка. „Има ли крај на одмаздата, или пак ова е еден маѓепсан круг во кој сите сме проколнати да се вртиме?“, е едно одлично прашање што го поставува овој роман. Засилувањето на одмаздата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме. Човекот е се’ поосамен во „срцето на земјата“.
И само љубовта ги затвора раните без да ја повтори болката.
Играат:
Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски, Елена Димитрова.
Превод на романот: Толја Радева
Авторска адаптација: Александар Секулов
Сценска верзија и режија: Диана Добрева
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Раде Василев и Елена Вангеловска
Композитори: Јавор Карагитлиев, Сашко Костов
Музика во живо: Сашко Костов
Кореографија: Олга Панго
Превод на македонски: Ана Батева
Фотограф на плакатот: Георги Вачев
Дизајн на постер: Јавор Димитров
Времетраење:
110 мин.
Јазик:
Бугарски, македонски
Билетите по цена од 600 денари можете да ги набавите на www.bileti.mkc.mk
The post Вечерва во рамките на МОТ ќе биде изведена маестралната претстава „БЕЗ КРВ” на Драмскиот театар од Пловдив appeared first on ekran.