Денес, Александар Гулевски на неговиот Јутјуб канал ја објави песната „НЕБО“, инаку, петта песна од неговиот албум во подготовка „НЕ“.
Иако песната на прво слушање наликува на глам-поп балада, сепак, во неа и понатаму преовладуваат познати и проверени елементи на македонскиот dark wave звук. За разлика од неговата претходна песна „ДНО“, „НЕБО“ има помек, на моменти Боувиевски звук и Никкејвовска оркестрација.
Мистичните гитарски партии, овој пат се надополнети со текст, кој повикува на размислување и себеиспитување. Во исто време текстот дава надеж, дека сепак постои излез од безизлезната емотивна и духовно болна состојбата, во која се наоѓа современиот осамен и отфрлен човек.
Александар Гулевски и во оваа песна користи минималистички пејачки фрази од источното црковно православно пеење и вешто ги спојува со својот особен и препознатлив музички израз.
The post Александар Гулевски ја објави песната „НЕБО“ од неговиот албум во подготовка „НЕ“ appeared first on ekran.