back to top
13.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАОсмани ѝ чест...

Османи ѝ честиташе на Шекеринска за изборот за втор човек на НАТО

Косовската претседателка Вјоса Османи ѝ честиташе на екс-министерката Радмила Шекеринска за нејзиното именување за заменик-генерален секретар на НАТО Алијансата.

„Ми беше чест да работам со неа во изминатите години, особено на унапредување на Агендата за жени, мир и безбедност. Со нетрпение очекувам да продолжи соработката за нашите заеднички приоритети и и посакувам многу успех во нејзината важна нова улога“, напиша Османи на социјалната мрежа „Х“.

Покрај неа, честитки упатија и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ и шефот на бугарската држава, Румен Радев.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Шекеринска за негов заменик, кој ќе ја преземе функцијата на крајот на годината.

Шекеринска претходно беше потпретседател на македонската влада за европски интеграции и министер за одбрана, во време кога земјава стана членка на НАТО.

The post Османи ѝ честиташе на Шекеринска за изборот за втор човек на НАТО appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари