Меланија Трамп повторно ќе биде домаќинка на Белата куќа. Додека некои едвај чекаат да ја видат повторно во познатата зграда во Вашингтон, каде што ќе ги помине следните четири години, други, во најмала рака, се разочарани поради тоа. Но, работата е што Америка гласаше, контроверзниот бизнисмен е новиот претседател, а времето ќе покаже дали тоа бил вистинскиот избор.
Неколку недели пред гласањето, Меланија Трамп објави мемоари во кои детално го опиша својот животен пат. На сите им е познато дека на многу млада возраст ја напуштила родната Словенија во потрага по своето место под сонцето. Во потрага по леб, да го користиме речникот на гастарбајтерите.
Растејќи во поранешна Југославија, таа живеела нешто подобро од средната класа на која и припаѓаше најголемиот дел од нацијата. Нејзината мајка Амалија, шивачка по професија, и нејзиниот татко Виктор, продавач на автомобили, ја воделе заедно со нејзината сестра Инес на скијање во Австрија, додека летувањето го поминувале на Јадранот. Таа во својата книга вели дека татко и имал завиден број на автомобили, поради што во куќата им упаднала УДБА, а спомнува и приватна дадилка која ги чувала неа и нејзината сестра и им правела колачи кога славеле роденден.
Семејната куќа на семејството Кнавс во Севница
Меланија Кнавс, како што гласи нејзиното моминско презиме, студирала индустриски дизајн и архитектура во Љубљана, но подоцна се посветила на манекенството и одлучила својата кариера да ја гради во Милано и Париз. Заминала во Њујорк во 1996 година, а две години подоцна во еден клуб го запознала својот иден сопруг.
Таа живеела во мал стан во близина на паркот Грамерси на Менхетен. Нејзината спална соба била зад ѕид од плочи од стиропор, едвај имало место за кревет на развлекување. На почетокот не било лесно, но упорноста не ја напуштала згодната Словенка.
Бидејќи се омажила за еден од најбогатите луѓе на денешницата, сигурно не мора да се грижи за финансиската сигурност. Може да има се што ќе посака, тоа е сигурно. Меѓутоа, таа има и банкарска сметка со која Трамп нема никаква врска. Според извештаите, таа заработува огромни пари од медиумите коигикористат нејзините фотографии. Врз основа на договор со голема светска фото агенција, таа досега заработила неколку стотици илјади долари.
Финансискиот извештај од 2017 година открива дека таа година, тогашната прва дама заработила најмалку 100.000 долари од гореспоменатата агенција за користење на слики направени пред Трамп да стане претседател. Агенцијата дури нагласила дека фотографиите можат да се користат само за позитивни приказни.
Богатството на Меланија Трамп
Во извештајот се споменуваат и приходи од говори, односно јавни настапи. Наводно за еден ангажман добила повеќе од 237 илјади долари. Таа, исто така, заработува од изнајмување ексклузивни имоти во Њујорк, а имала договор да продава виртуелни колекционерски токени. Дека има смисла за бизнис покажала во 2010 година, кога го лансирала брендот за накит „Melania Timepieces and Jewerly“, кој се продавал преку ТВ-шопинг. На овој начин таа акумулирала околу 45 милиони долари. Колку ќе и донесат неодамна објавените мемоари, ќе видиме.
Доналд и Меланија Трамп го промениле брачниот договор
Сајтовите специјализирани за заработка на познатите личности велат дека Меланија Трамп моментално има околу 70 милиони долари на својата сметка. Занемарливо во споредба со милијардите што ги има нејзиниот сопруг, но – не е малку.
Релевантните американски медиуми пренесуваат дека сопружниците минатата година го промениле брачниот договор, со што Меланија се осигурала дека ќе добие одреден дел од имотот дури и ако Трамп биде принуден да плати големи суми пари во случај на изгубени спорови.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ВИДЕО+ФОТО) ЅИДОВИТЕ ОД стиропор се грдо минато: Еве колкаво е БОГАТСТВОТО НА МЕЛАНИЈА ТРАМП, мудрата Словенка минатата година го ПРОМЕНИЛА БРАЧНИОТ ДОГОВОР appeared first on ekran.