back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТ„Триколорите“...

„Триколорите“ без Дика Мем на СП 2025

На почетокот на следната година, поточно од 14 јануари до 2 февруари, ќе се игра Светското првенство во ракомет, чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка.

Данците ќе го бранат светскиот трон кој го имаат од 2019 година и се трикратни последователни планетарни шампиони, а еден од најголемите конкуренти ќе им биде Франција.

Сепак, „триколорите“ на Мундијалот ќе дојдат драстично ослабени, бидејќи поради повреда нема да можат да сметаат на еден од најдобрите ракометарки на денешницата Дика Мем. Десниот бек кој настапува за шпанска Барселона мораше да го оперира рамото и ќе отсуствува најмалку три месеци, па дефинитивно ќе ја пропушти меѓународната турнеја.

Франција ќе го започне натпреварувањето во групата Ц каде за ривали ќе ги има Австрија, Катар и Кувајт.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари