back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАВо Приштина с...

Во Приштина средба меѓу владите на Македонија и Србија

Во Приштина заедничка седница на владите на Македонија и на Косово. Претходно премиерите Мицкоски и Курти ќе одржат тет-а-тет средба, по која министрите ќе дискутираат за нови проекти и ќе потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка.

Овие документи ќе создадат основа за нови иницијативи, проекти и активности кои ќе ги зајакнат односите меѓу двете земји, велат од македонската влада. Во интервју за косовската телевизија, вицепремиерот Меџити обелодени дека ќе се разговара за регулацијата на граничниот систем на Блаце и Јажинце, идентичен со системот што го имаат Косово и Албанија, за соработката во областа на енергетиката, како и проектот за патот Тетово-Призрен.

Првата седница меѓу двете влади се одржа пред три години во Скопје.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари