back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаОтворање на с...

Отворање на спектакуларната изложба – „65 години ансамбл Мањифико“

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во фоајето пред салонот на Национална Опера и Балет во Скопје, ќе биде отворена изложбата „65 години ансамбл Мањифико“.

Мањифико – мит, легенда или реалност…

На оваа единствена и атрактивна изложба, ќе бидат претставени преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома.

Вокално-инструменталниот ансамбл „Мањифико“ го сочинувале:

Пантелеј Кочовски – Панче
Крсто Таушанов
Димитар Томов – Митко
Невенка Кочовска

Во текот на 31-годишното постоење, групата настапила во 37 земји, остварувајќи 3.700 концерти,а покрај тоа учествувала и на 600 добротворни настапи. Притоа, се проценува дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители. Дискографијата на „Мањифико“ вклучува 28 мали плочи, пет албуми, четири аудио-касети, една видео-касета, три компакт-дискови и едно ДВД. Речиси сите изданија на „Мањифико“ биле продадени во златен или сребрен тираж. На радио-станиците биле емитувани 192 емисии посветени на „Мањифико“, а групата учествувала на 140 програми на вкупно 16 телевизиски канали. Нивниот концертен репертоар вклучувал вкупно 320 песни, најмногу од латиноамериканското и шпанското поднебје, но и македонски староградски песни. Во 2017 година, групата „Мањифико“ ја добила наградата за животно дело, што ја доделува манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

Ве очекуваме!

The post Отворање на спектакуларната изложба – „65 години ансамбл Мањифико“ appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари