back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТПочина еден о...

Почина еден од тешко повредените пациенти во несреќата во Нови Сад

Еден од тројцата пациенти тешко повредени од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина денеска во 15 часот во Клиничкиот центар во Војводина, изјави за Танјуг в.д. директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.

(ФОТО+ВИДЕО) Протест против Вучевиќ и Ѓуриќ: Граѓаните на Нови Сад бараат правда за загинатите 14 лица

The post Почина еден од тешко повредените пациенти во несреќата во Нови Сад appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари