back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАСредба Фетаи-...

Средба Фетаи-Мања: Посветени на владеењето на правото

Реформите во правосудството и посветеноста за заедничка работа кон европската интеграција на двете земји, биле темите во фокусот на денешната средба на вицепремиер Арбен Фетаи и албанскиот министер за правда, Улси Мања, во Тирана.  

– Пријателска и официјална дискусија за предизвиците на интеграцијата во ЕУ, реформите во правосудството и можностите за зајакнување на соработката во борбата против корупцијата и подобрување на јавната администрација. Ја нагласивме нашата заедничка посветеност на владеењето на правото и транспарентноста како клучни за напредокот на двете земји кон интеграцијата во ЕУ и за одржување на стабилноста во регионот, напишал Мања во објава на социјалните мрежи.

Двајцата соговорници го истакнале натамошното зајакнување на соработката меѓу владите, министерствата и агенциите за спроведување на законот.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари