back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Младата Јана Атанасовска ќе настапи во Светскиот Куп во алпско скијање!

Младата македонска скијачка, Јана Атанасовска, испиша историја за нашата земја и ќе биде прва учесничка во Светскиот Куп!

На само 18 години, Атанасовска ќе се натпреварува во Светскиот Куп во алпско скијање, а нејзин прв настап ќе биде во финскиот град, Леви. Младата Јана ќе ја претстави Македонија во дисциплината слалом, а трката ќе се одржи на 16 ноември во 11:00 часот.

Нејзиниот настап претставува огромен успех за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и спортска инспирација за идните генерации.

Досега Атанасовска настапуваше со голем успех на многу регионални и меѓународни натпревари, но сега за првпат ќе има можност да ги одмери своите сили со најдобрите светски скијачки, меѓу кои е и најславната во историјата, Михаела Шифрин.

Атанасовска е веќе во Финска, каде се подготвува заедно со нејзиниот тренер и татко, Александар Атанасовки, како и тренерот Игор Загерник.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари