Снимка од српска свадба ги преплави социјалните мрежи и сето тоа поради кумот кој ја шутнал тортата.
На социјалните мрежи се шири видео од свадба во Србија, кое предизвика голема дебата меѓу корисниците. Многумина остро го осудија однесувањето на кумот и истакнаа дека невестата поради него била на работ на солзи, но има и такви кои не го осудуваат неговиот потег. Сè се случило во моментот кога пристигнала тортата.
Само што сакале да ја исечат, кумот ја подигнал ногата на масата, ја шутнал и ја исфрлил тортата од масата. Гостите продолжиле да снимаат со мобилните телефони, младоженецот се однесувал како ништо да не се случило, додека невестата била видно разочарана. На никого не му е јасно зошто кумот решил така да се однесува, а на коментарите не им се гледа крајот. Клипот стана вирален на TikTok.
„Сељобер“, „Тоа би му било последно“, „Кум будала“, „Нема да ми влезе повеќе во дворот“, „Невестата за малку ќе заплачеше“, „Каква штета“, „Зарем ова требаше да биде смешно„ или…?“, „Кумот може да прави што сака“, „Немам зборови“, „Ова изгледа ужасно“, беа само дел од коментарите.
Погледнете како тоа изгледало:
@vi_kritiksKume vadi ga
Фото: Принтскрин/TikTok
The post (ВИДЕО) Хаос на српска свадба, кумот ја запрепастил невестата: „Каква срамота, повеќе немаше да влезеш во мојот двор“ appeared first on ekran.