back to top
13.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАНЛБ Зелен пот...

НЛБ Зелен потрошувачки кредит со најниски каматни стапки, промотивно до крајот на годината

Следејќи ја стратегијата за зелено финансирање од сопствени извори и амбициозните цели за управување со животната средина, НЛБ Банка го освежува своето „зелено“ портфолио со дополнително намалување на каматните стапки кај Зелените потрошувачки кредити, дизајнирани уште повеќе да ги охрабрат и поддржат одржливите избори на потрошувачите, информираат од таму.

Клиентите кои до 31. декември годинава ќе аплицираат за Зелен потрошувачки кредит, добиваат единствена можност кредитот да го добијат со фиксна и најниска каматна стапка од 4,5 % за целиот период на отплата.

Зелениот потрошувачки кредит на НЛБ Банка претставува поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор и можност клиентите – физички лица, при изведба или реновирање на постоечки објекти, да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење во домот.

Покрај ова, НЛБ Банка овозможува со Зелениот потрошувачки кредит да се покријат и сите трошоци за дополнителни материјали, работна рака, монтажа и сл. кои се неопходни за инсталирање на основната зелена технологија.

-Инаку, целокупното зелено порфтфолио на НЛБ Банка нуди поповолни каматни стапки од стандардните кредитни продукти што е дел стратегијата на Банката за одговорно кредитирање, а во насока на зелена транзиција и позитивно влијание врз животната средина.

НЛБ Банка ја имплеметираше одржливоста како концепт во сите свои деловни операции и практики кое сè повеќе стануваат приоритет на локално и регионално ниво на сите пазари каде е присутна НЛБ Групацијата.

НЛБ Групацијата е меѓу првите во финансиската индустрија во југо-источна Европа која постави амбициозни цели за управување со животната средина и социјалните аспекти, фокусирајќи се на воведување производи кои промовираат одржливост и енергетска ефикасност, велат од таму.

The post НЛБ Зелен потрошувачки кредит со најниски каматни стапки, промотивно до крајот на годината appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари